Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа имаше маестрална партија против Канаѓанката Ребека Марино која беше втора носителка на турнирот во Португалија кој се игра за награден фонд од 100.000 долари.
Ѓорческа го доби мечот за само 56 минути игра со два идентични сета од по 6-1 и 6-1. Ребека Марино е значително подобра од Ѓорческа на ВТА листата, во моментов е 151,
Во полуфиналето Ѓорческа ќе игра против Кристина Младеновиќ од Франција која е 232. место на ВТА листата, но оваа тенисерка во 2017 година беше и на 10. место.