Имате душек кој не го користите, а сѐ уште е во добра состојба? Не знаете што да правите со него? Донирајте го!
„За првите три недели од акцијата донирани се 180 душеци, а првата донација од 42 душеци за спиење ја добија старите лица од домот „Мајка Тереза“ во Скопје“.
Имате душек кој не го користите, а сѐ уште е во добра состојба? Не знаете што да правите со него? Донирајте го!
До 1.12.2009 сите оние кои сакаат дa направат добро дело, ќе можат да го сторат тоа со вклучување во големата хуманитарна акција „Разбудете се хумани“.
Оваа акција е во организација на Дормео и Црвен Крст и има за цел да ги подобри животните услови на ранливата категорија на луѓе преку собирање на користени душеци и нивно донирање во институции кои се грижат за нив (болници, домови за стари лица, станови на деца без родители, казнено поправни домови).
Црвен Крст ги презема донираните душеци од домовите на донаторите, а Дормео, на сите хумани граѓани, им овозможува попусти за купување на Дормео производите, бесплатна достава и убави Дормео подароци.
За првите три недели од акцијата донирани се 180 душеци, а првата донација од 42 душеци за спиење ја добија старите лица од домот „Мајка Тереза“ во Скопје.
ВИДЕО
{youtube}b3JVMWSfXtw{/youtube}
Но, акцијата продолжува и понатаму, а во неа можете да се вклучите и Вие!
Кликнете тука за да донирате душек или тука за да бидете дел од групата за поддршка „Разбудете се наспани“ на Facebook!