Голата Мона Лиза

Повеќе... Дали Леонардо Да Винчи насликал и топлес верзија на Мона Лиза? Сликата која речиси еден век беше скриена во ѕидот на една приватна библиотека ја разгори дебатата околу тоа колку далеку отишол овој сликар со својата позната слика.


nude-mona-450x580.widec.jpgДали Леонардо Да Винчи насликал и топлес верзија на Мона Лиза? Сликата
која речиси еден век беше скриена во ѕидот на една приватна библиотека
ја разгори дебатата околу тоа колку далеку отишол овој сликар со својата
позната слика.

На новооткриената слика која беше изложена во Museo Ideale во родното место на сликарот – денешното Винчи, насликан е портрет на полугола жена кој е очигледнo поврзан со познатата (и облечена) Мона Лиза.

Иако жената на портретот не изгледа буквално како Мона Лиза, без сомнение е фактот дека постои поврзаност со сликата која виси во Лувр. Една белешка која датира од 1845 година вели дека кардиналот кој ја поседувал сликата (и кој бил вујко на Наполеон) купил „портрет на Мона Лиза, љубовницата на Франсис Први, од Леонардо Да Винчи“.

Според експерите, оригиналната гола верзија на Мона Лиза можеби била дел од серијата на еротски портрети насликани од Да Винчи и неговите ученици, кои никогаш не биле откриени  во јавност затоа што се сметале за непристојни. Документацијата од продажбата на сликата со она што се претпоставува дека е Голата Лиза не е доволна за да се потврди дека таа е насликана од самиот Да Винчи. Експертите тврдат дека таа во најмала мера може да упатува на постоењето на таков оригинал со гола Мона Лиза насликан од Леонардо Да Винчи. Разголениот портрет во иднина ќе биде подложен на научни испитувања со цел да се одреди со сигурност датумот на настанувањето и вистинскиот автор. [Nude, Mona Lisa-like painting surfaces]

Промотивно видео за изложбата во Museo Ideale во родното место на сликарот – денешното Винчи, на која за прв пат ќе биде изложена во јавност Голата Лиза:

{youtube}-KVL9xk3-sM&feature=player_embedded{/youtube}

- Реклама -