Гол од половина терен (видео)

Хокеј Во хокеј, головите од неверојатни далечини и не се така необични. Обично се работи за шутеви по мразот, при кои пакот се одбива од другите играчи или пак за случаи кога голманот е маркиран и едноставно не гледа од каде доаѓа опасноста.


Во натпреварот меѓу двата најдобри тимови во источната конференција од НХЛ лигата, Вашингтон Капиталс ги победија Бостон Бруинс со 4:3 по продолжението. Победничкиот гол на Александер Семин претставуваше вистинско ремек-дело. Со неверојатниот шут од преку 25 метри, по кој пакот изгледаше како да добива на висина со секој изминат сантиметар, успеа да го измами најдобриот голман во лигата, Тим Томас и да им донесе радост на навивачите на Вашингтон Капиталс.

{youtube}T7-GlQ2t43k{/youtube}

[Alexander Semin’s 80-foot game-winning goal vs. Boston]

- Реклама -