Ѓоковиќ славеше против Надал за осминафинале на ОИ


Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ, попладнево го победи Шпанецот Рафаел Надал со 2:0 и се пласира во осминафиналето на Олимписките игри во Париз.

Во првиот сет, Србинот беше убедлив и го славеше со 6:1.

Вториот сет почна со четири врзани гема на Ѓоковиќ, Надал се врати израмнувајќи на 4:4, но до крајот српскиот тенисер успеа да дојде до 6:4 за конечен триумф.

Сега меѓусебниот биланс на двајцата тениски великани е 31:29 за Ѓоковиќ.

- Реклама -