Ѓоковиќ ќе ја донира целата заработка од Олимписките игри


Новак Ѓоковиќ успеа да стигне до златото на Олимписките игри во Париз кое беше негова голема желба.

Српскиот тенисер во финалето го победи Карлос Алкараз со 2:0 во сетови (7:6, 7:6). За Ѓоковиќ ова беше прв златен медал, а од претходно е познато дека Владата на Србија донесе одлука секое злато во Париз да го награди со 200.000 евра.

Според информациите на српските медиуми, Новак Ѓоковиќ таа заработка одлучил да ја донира во хуманитарни цели.

Ѓоковиќ низ кариерата имаше бројни хуманитарни гестови, а заедно со сопругата Јелена ја основаше и фондацијата „Новак Ѓоковиќ“ која најмногу помага на децата.

- Реклама -