Ѓоковиќ го победи непријатниот Кепфер за четвртфинале на олимпискиот турнир


Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ се пласираше во четвртфиналето на Олимписките игри во Париз, победувајќи го Германецот Доминик Кепфер во два сета и п голема борба со резултат 7:5, 6:3 и обезбеди место меѓу осумте најдобри тенисери. Во четвртфиналето ќе се соочи со стариот познаник Стефанос Циципас и ќе биде вистински спектакл.

Ова беше најтешкиот меч за Ѓоковиќ на Олимписките игри досега, бидејќи жилавиот Германец водеше голема борба, особено во првиот сет. Србинот направи брејк на старот од натпреварот, што беше добар ветер во неговиот грб. Се очекуваше брзо да го реши тоа во своја полза, бидејќи имаше предност од 3-1 и сервираше, но Германецот веднаш се врати во следниот гем. Потоа и Кепфер одигра многу добро.

Ѓоковиќ се мачеше во првиот сет, Кепфер ги погаѓаше своите удари, а ги враќаше и оние на Ѓоковиќ. И двајцата тенисери беа одлични кога станува збор за своите сервиси. Сепак, клучната предност се случи во 11. гем од првиот сет. Новак Ѓоковиќ одлично сервираше и стигна до 6:5, на тоа е надовраа и неколкуте грешки што ги направи Доминик Кепфер а кои дотогаш направи неколку грешки кои не правеше претходно во текот на натпреварот.

Ова му помогна на Ѓоковиќ веќе во следниот гем кога Кепфер сервираше, па Новак направи нов брејк и воедно водеше со 1-0 во сетовите.

Вториот сет веќе беше сосема поинаква приказна. Новак Ѓоковиќ сервираше одлично, сега тој го диктираше темпото на игра. Веднаш направи брејк на стартот од вториот сет, го казни нешто послабиот сервис на противникот и веднаш поведе со 2-0. Потоа Ѓоковиќ успеа да биде одличен на свој сервис и само го потврди брејкот. Во тој момент беше јасно дека Ѓоковиќ ќе се труди само да го чува својот сервис и на тој начин ствари важна победа.

Со Циципас веќе играше на истото место во финалето на Ролан Гарос кога го совлада Гркот по пресврт со 3-2, а последниот дуел го имаа пред година и пол во финалето на Австралија опен кога беше 3-0 за српскиот тенисер.

- Реклама -