Германската влада ги предупреди граѓаните да не користат Internet Explorer

IE8_screenshot_mix1-218-85Одделот за информатичка безбедност при германската федерална влада ги предупреди корисниците во земјата да не го користат броусерот Internet Explorer поради неодамнешни сајбер напади кои се случија.

noIEОдделот за информатичка безбедност при германската федерална влада ги предупреди корисниците во земјата да не го користат броусерот Internet Explorer поради неодамнешни сајбер напади кои се случија.

Ова предупредување беше објавено по признанието на Микрософт дека нивниот броусер IE имаше улога во нападите врз Google кои се случија во Кина.

Оттука, германската влада ги советуваше своите граѓани да користат алтернативни прелистувачи на интернет страните како Mozilla Firefox, Google Chrome, Apple Safari или Opera.

Според Томас Баумгарднер, претставник за Микрософт во Германија, нападите биле извршени од крајно мотивирани луѓе со специјална агенда, и не биле насочени кон обичните корисници.

Прочитајте и:  Google ќе мора да го продава Chrome

Микрософт додава и дека корисниците на IE треба да го подесат својот броусер на највисокото безбедносно ниво во опциите, иако експертите за IT безбедност веќе укажаа на постапките за напад кои веќе може да се најдат и онлајн. Да се надеваме дека во следните неколку дена оваа „дупка“ во IE ќе биде закрпена. [German government warns against using MS Explorer]

- Реклама -