Аферата околу свиткувањата на iPhone 6 Plus изгледа нема крај. Samsung беа меѓу првите кои не пропуштија шанса да се пошегуваат на сметка на Apple, а подоцна голем број на компании (од различни бранши) исто така се вклучија.
Корејската компанија лансираше ново видео кое покажува како се справува Galaxy Note 4 во стандардната 3-точка, тест за виткање, како и во тестови, со цел да ја симулираат максимално секојдневната потрошувачка на уредот.
Во видеото, се разбира, не се споменува ништо за iPhone 6, но е повеќе од јасно дека токму #bendgate е причината за новата реклама. Во вториот дел од тестовите специјална машина симулира „случајно седење” на смартфонот. Според тврдењата дел од свиткувањата на iPhone 6 се случиле токму во слични околности. Кај тестот користената сила е 25 kgf или 250 N. Сите тестови се повторени неколку пати пред конечната оцена. Galaxy Note 4, се разбира, се справи успешно со тестовите.
Всушност во појавата на видеото има одредена логика. Бидејќи Samsung Galaxy Note 4 има речиси идентични димензии со оние на iPhone 6 Plus – со разлика од околу 1 милиметар, корисниците логично би имале сомневања за неговата цврстина. Корејската компанија сепак излезе пред потенцијалните сомнежи доста категорично. Според Samsung причината лежи во фактот дека Note 4 користи магнезиум, кој во комбинација со алуминиумската рамка дава меѓусебна поддржувачка во конструкцијата. Всушност магнезиумот се користи при правење на повеќето напредни паметни телефони, но недостасува кај iPhone 6 Plus. Apple најверојатно ја донеле оваа одлука со цел да ја намалат големината на уредот, но за тоа „платија висока цена“.