Велат дека дури третина од адолесцентите ги грицкаат своите нокти, но исто така третина од нив се одвикнуваат од оваа навика на 35 години.
Често грицкањето го правиме несвесно, многупати под влијание на нервоза, стрес и здодевност.
Грицкањето секако не изгледа ни убаво ни привлечно, а со самиот чин ги пренесуваме сите нечистотии и бактерии во устата. Резултатот може да биде и неповратно оштетување на ноктите.
Ако сакате да престанете со оваа навика, прочитајте неколку совети како да го направите тоа.
1. Надградба на нокти
Вештачките нокти не само што изгледаат одлично, туку и се од голема помош за оние кои сакаат да грицкаат.
2. Усвоите нови навики
Токму како што знаат и зависниците од цигари, од навиките не е лесно да се решиме. Обидете се да ја замените навиката со некоја подобра. Дел од примерите се џвакање на мастики или грицкање оревкасти плодови. Доколку ништо од тоа не ви оди од рака, обратете се кај стручно лице за помош.
3. Побарајте поддршка од пријател
Патот до било која цел е многу полесен со поддршка од пријател, а од посебна помош ќе ви биде личност која минува низ истото што и вие.
4. Поврзете ги чувствата и ситуацијата
Баш како и ситуацијата, нашите мисли го креираат и нашето однесување. Ако можете да препознаете кои ситуации се слаба точка, станете свесни и размислете секој пат кога ќе посакате да ги грицкате ноктите. Будната свест за проблемот може многу да ви помогне.
5. Пронајдете спас во опуштање
Ако веќе сте препознале кое расположение ве мами кон непријатната навика, пронајдете некој метод за опуштање кој ќе ја победи силната желба. Играјте, пејте, медитирајте или подгответе чај од билки, што ќе ги смири вашите нерви.