Дали некогаш ви се случило да стекнете доверба во некој колега или колешка, а тие поради работен интерес да ве изиграат? Не грижете се, тоа може секому да се случи, но не е лошо пред да се зближите со некого, да процените дали таа личност ја заслужува вашата доверба. Врз основа на нејзиното однесување и гестикулации во текот на разговорот, лесно ќе заклучите дали ве лаже.
Рацете ги држи прекрстени
Ако личноста со која разговарате никако не може удобно да се намести, туку постојано ги прекрстува нозете и ги крши прстите, тоа значи дека лаже. Тоа е одбранбен говор на телото, кој на лажговците им дава чувство на помала експонираност.
Зборува подгрбавено
Држењето на телото може да открие недостаток на самодоверба кај личноста која кажува лаги. Затоа подгрбавеноста и спуштената глава се јасни знаци дека личноста пред вас не ја кажува вистината.
Ги гризе усните
Ако забележите дека личноста со која зборувате постојано ги гризе усните, тоа значи дека се подготвува да ви пласира лага. Лажливците несвесно се контролираат себеси од премногу зборување со тоа што ги гризат усните или ја стегаат вилицата.
Се дистанцира од соговорникот
Со дистанца од вас, лажливецот се обидува да ги сокрие своите нервозни потези. Ако го забележите тоа, знајте дека вашиот соговорник сакал да ве излаже.
Ја растегнува облеката
Забрзаното отчукување на срцето доведува до зголемување на телесната температура, а тоа најинтензивно се чувствува на лицето и вратот, па затоа лажливците ги развлекуваат своите маички.
Забрзан е
Забрзаноста е потсвесен обид на лажливците вниманието да го насочат кон нешто друго. Затоа како по непишано правило брзо зборуваат обидувајќи се што повеќе да ја сокријат вистината.
Ретко трепка
Луѓето мислат дека ако некој се загледа во далечина, лаже. Ова добро го знаат лажливците и затоа се фокусираат да не го прават, па вложуваат голем напор што помалку да трепкаат.
Го допира носот
Во носот се наоѓа ткивото кое поради зголемен крвен притисок набабрува кога некоја личност лаже, а тоа предизвикува чудно чувство. Баш поради ова лажливците постојано го допираат носот.
Образите му се црвени
Забразната работа на срцето и зголемениот крвен притисок ги шират крвните садови и ги туркаат кон површината на кожата, па затоа лажливците црвенеат. Затоа, штом видите дека на вашиот соговорник му се менува бојата на образите, немојте ништо да му верувате.
Дланките му се потат
Кога некој лаже, нивото на адреналин се зголемува, а тоа води до поголеми количини на пот. Обратете внимание на дланките на соговорникот и зако забележите дека се влажни, знајте со кого си имате работа.