Уште еднаш за нашето историско име – де јуре и де факто против паламудењето на идиотите!
Пишува Бранко Героски, за „Плусинфо“
Отсекогаш сум се залагал за компромисно решение на спорот меѓу Македонија и Грција. Како новинар, како колумнист и како уредник. Кон крајот на 2007 година и во текот на целата 2008 година, пред и после самитот на НАТО во Букурешт, напишав триесеттина и повеќе анализи, колумни и белешки, во кои јавно лобирав нашите политичари да го прифатат компромисното име за меѓународна употреба што тогаш го предложи посредникот Метју Нимиц, „Република Македонија (Скопје)“. Со исклучок на тогашниот претседател Бранко Црвенковски, кој задоцнето се приклони кон предлогот, ниту еден друг македонски политичар во таа 2008 година не беше спремен јавно да се изјасни во прилог на идејата спорот меѓу двете земји да се оконча со сложено меѓународно име на нашата земја, чија основа ќе биде именката „Македонија“, име за севкупна меѓународна употреба.
Конкретно, тоа беше мојот предлог, поради кој бев изложен на жестоки јавни атаци и поради кој сериозно ја доведов во прашање мојата новинарска кариера. Повторувам, ниту еден македонски политичар во она време и практично сѐ до почетокот на финалните преговори кои резултираа со Преспанскиот договор, не беше подготвен за таква отстапка. За Никола Груевски не сакам ни да зборувам. Тој беше неспремен за каков било компромис. Инаку, да немате дилеми, ако Груевски во 2012-2014 година прифатеше компромис, сѐ уште ќе беше на власт, а не знам дали сега ќе смеевме и под прозорец да му плукнеме… Колумната продолжува ТУКА.