Германскиот министер за Европа отворено го поддржа Димитров и коалицијата „Можеме“: Тој е посветен Европеец и има прекрасна смисла за хумор (ВИДЕО)

Германскиот министер за Европа – Михаил Рот, преку видео обраќање упати силна поддршка до Никола Димитров – носител на листата на СДСМ и Коалицијата „Можеме“ во изборната единица 1.

„Никола Димитров не е само успешен, тој е и мошне искусен министер за надворешни работи. Тој не е само посветен Европеец, туку е и близок и доверлив пријател. И се гордеам со тоа. Тој ги брани европските вредности во тешки времиња. Тој се повикува на надежта кај луѓето, а не на нивните стравови. Тој е одличен соговорник со прекрасна смисла за хумор. И секогаш можам да сметам на него. Затоа целосно ја поддржувам неговата кандидатура за Собранието на Северна Македонија.

Прочитајте и:  Филипче ѝ го честиташе изборот на Шекеринска: Уште една потврда за исправноста на политиките и историскиот успех на СДСМ со членството во НАТО

Ве молам гласајте за него, гласајте за светлата иднина на Република Северна Македонија“, повика државниот министер за Европа на актуелниот претседавач со Европската унија – Германија.

- Реклама -