Германската полиција претресуваше домови во Баварија поради антисемитски објави и величање на нападот на Хамас

Германските власти денеска извршија рација во домовите на 17 жители на сојузната покраина Баварија обвинети за антисемитски објави на социјалните мрежи. Осомничените се 15 мажи и две жени, на возраст меѓу 18 и 62 години, објави германската новинска агенција ДПА.

Полицијата ги испрашала осомничените и ги одзела телефоните и лаптопите што ги нашле во нивните домови како потенцијален доказ.

Во соопштението на полицијата се вели дека осомничените ги величеле нападите извршени од членовите на палестинската вооружена група Хамас врз Израел на 7 октомври.

Тие се обвинети и за користење симболи на забранета терористичка организација, како и за говор на омраза против Евреите на социјалните мрежи.

Полициската операција беше фокусирана на главниот град на Баварија, Минхен, каде што живеат деветмината обвинети. Полицијата извршила рација и во градовите Фисен и Кауфбојен. 

Прочитајте и:  Хамас ги повика арапските и муслиманските земји да го принудат Израел да ја прекине својата „агресија“

МИА

- Реклама -