Германската амбасада со честитки до Сиљановска Давкова за преземањето на нејзината улога како прва жена претседател

Германската амбасада упати честитки до претседателката Гордана Сиљановска Давкова за преземањето на нејзината улога како прва жена претседател на државава, оценувајќи го како „историски момент“.

– Историски момент: честитки до претседателката Гордана Сиљановска Давкова за преземањето на нејзината улога како прва жена претседател на Северна Македонија! Се радуваме на натамошниот развој на доверливата соработка и пријателство меѓу Германија и Северна Македонија на патот кон нашата заедничка европска иднина, објави на Фејсбук Амбасадата на Германија.

Претседателката Сиљановска Давкова беше инаугурирана вчера во македонското Собрание, каде даде свечена изјава пред Собранието по што започна да тече нејзиниот петгодишен мандат како шеф на државата.

Сиљановска Давкова како шести претседател од осамостојувањето на државата и прва жена избрана на оваа позиција, го наследи Стево Пендаровски на претседателската функција, откако го победи на изборите одржани на 8 мај.

Прочитајте и:  Муцунски: На седумте амбасадори им завршува мандатот, течат консултации и наскоро ќе почне процес на именување нови амбасадори
- Реклама -