Германска студија ги намалува надежите за ефикасна вакцина против Ковид-19

Студија спроведена од научниците во германскиот град Минхен покажува дека антителата на коронавирус не остануваат во телото повеќе од неколку месеци. Таквата вест ги намалува надежите за ефективна вакцина и подолготраен имунитет, пренесува германската новинска агенција dpa.

Тестовите на пациентите во минхенската Клиника во Швабинг, покажале значително опаѓање на таканаречените неутрализирачки антитела во крвта, соопшти Клеменс Вендтнер од Клиниката за инфективни болести.

„Кај четири од девет пациенти, гледаме опапаѓање на неутрализирачките антитела“, соопшти тој, додавајќи дека резултатите се добиени од специјални тестови кои можат да бидат направени само во лабораторија со високо безбедносно ниво.

„До кој степен ова (сознание) ќе влијае на долготрајниот имунитет и стратегиите на вакцинација може само да се шпекулира, но критично е да се следи развојот на ситуацијата и понатаму“, вели тој.

Ваквите резултати сугерираат дека пациентите што оздравеле можат одново да се заразат со вирусот, иако потребни ќе бидат дополнителни истражувања за да го потврдат ова, вели Вендтнер.

Имуниот одговор на телото е составен од Б-клетки – одговорни за лачење антитела, и Т-клетки – способни за препознавање и yбивање на претходно препознаени антигени (натрапници во организмот). И едните и другите се важни за долготраен имунитет.

- Реклама -