Германска компанија доби дозвола за развој на летачки такси

Иднината на превозот веројатно ни носи и летачки такси во секојдневниот транспорт. Многу компании развиваат и тестираат вакви летала. Меѓу нив има и стартапи, но и гиганти како Airbus и Boeing. Според некои најави, првите летачки такси кои ќе превезуваат патници може да полетаат веќе за неколку години , но јасно е дека секогаш постои можност за некакво одложување поради технологијата или регулаторните правила.
Досега претежно слушавме за американски и кинески компании кои ја развиваат оваа технологија, но на овој паар активни се и Европејците. Така, од германската компанија Lilium се пофалија дека од агенцијата за безбедност на воздушниот превоз во Европската унија добија регулаторна дозвола за дизајн и производство на воздушно такси кое може вертикално да полета и слета.
Оваа дозвола им овозможува да можат да почнат со следната фаза на дизајнот и производството на леталото, објаснија од компанијата. Поедноставно кажано, ова одобрение е лиценца за работа и потврдува дека Lilium ја има потребната организација, процедура, компетенции и ресурси кои се потребни за дизајн и сертифицирање на авионот според највисоките безбедносни стандарди.
Леталото кое го развива компанијата, а кое во иднина треба да превезува патнции, ќе користи повеќе мали пропелери на погон на електричен мотор, кои ќе овозможат вертикално полетување и слетување, како и потисок во текот на летот. Со едно полнење ова летало би требало да издржи околу 300 км лет. со таков досег јасно е дека Lilium нема намера да ги замени класичните авиони, ниту размислуваат за летови меѓу држави, туку нивните такси треба да поврзуваат градови и места кои не се преногу оддалечени.

Со оглед на тоа дека може да полетаат и да слетаат вертикално, како хеликоптер, на таквите летала не им треба класична поста, туку релативно мал простор за маневрирање. Исто така, бидејќи работи на електричен погон, не создава толку бучава.
(CNBC)

Извор