Германка повикала полиција зашто фризерот не ѝ ја погодил фризурата

„Секогаш сакаме да помогнеме, но полицајците не се правите луѓе за разговор околу фризура, посебно не на бројот за итни случаи“, потсетува на Фејсбук полицијата од градот Либек во северна Германија, откако жена им се јавила на 110 за да пријави лоша услуга од фризерот.

Огорчената клиентка ја контактирала полицијата и се пожалила дека и по три неуспешни обиди, фризерот не успеал да ѝ ја погоди саканата нијанса на боја на косата. Полицијата веднаш ја предупредила дека бројот е наменет за итни случаи, а ако сака надомест, треба да поднесе граѓанска тужба.

- Реклама -