Германија со убедлива победа против Шкотска на првиот натпревар од Европското првенство во фудбал

Седумнаесеттото Европско фудбалско првенство вечерва беше и официјално отворено на „Алијанц Арена“ во Минхен

ФОТО: EPA-EFE/FRIEDEMANN VOGEL

Со убедлива победа од 5:1, Германија ја совлада Шкотска на првиот натпревар од Европското првенство во фудбал.

Избраниците на Џулијан Нагелсман, како домаќини на првенството, одиграа одлично, особено во првото полувреме. Тие постигнаа три гола во првите 45 минути. Првиот гол, за отворање на резултатот, го даде Флоријан Вирц со удар од 16 метри во 10. минута.

На 2:0 зголеми Џамал ​​Мусиала во 20. минута. Во акција на Гундоан и Хаверц, Мусиала ја погоди противничката мрежа. Тогаш на сцена стапи ВАР. Најпрво во 26. минута го коригираше Турпан, бидејќи францускиот судија досуди пенал, но по видео проверката се виде дека прекршокот над Мусиала е надвор од шеснаесетникот. Потоа во 45. минута улогите беа сменети. Турпан препушти прекршок на Портеус врз Гундоан во шеснаесетникот. Сепак, откако интервенираше ВАР, досуди пенал и му даде црвен картон на Портеус.

Каи Хаверц, во 11. минута беше сигурен и ја погоди мрежата за 3:0.

Од првиот контакт во 69. Минута, влезениот од клупата Никлас Фулкруг погоди по навистина одличен удар.

За Шкотите тоа беше првиот гол што го примија во вториот дел, а на крајот успеаја да постигнат и погодок. Стрелец беше Антонио Ридигер во 88. минута. По ударот на Мекена, Ридигер со глава ја упати топката во мрежата. Така резултатот на вториот дел во тој момент беше 1:1.

Но, Германците не дозволија да заврши така. Емре Џан со одличен гол во судиското надополнување зголеми на 5:1, со што Германија го доби и вториот дел од натпреварот.

Седумнаесеттото Европско фудбалско првенство вечерва беше и официјално отворено на „Алијанц Арена“ во Минхен.

ФОТО: EPA-EFE/MOHAMED MESSARA

Со музичко-сценски настап на многу млади луѓе и кореогафија организирана од домаќинот започна свеченото отворање на Еуро2024.

На отворањето, Германците му оддадоа почит на нивната најголема фудбалска легенда Франц Бекенбауер кој почина во јануари годинава. На теренот, пред почеток на мечот Германија – Шкотска, излезе неговата сопруга со официјалниот пехар за шампионот на ЕП2024, која беше придружувана од фудбалските легенди Јирген Клинсман и Бернард Диц.

- Реклама -