Германија и Португалија во четвртфиналето (видеа)

Позната е разврската и во групата Б од Европското првенство 2012 – Холандија си оди дома, по разочарувачкиот пораз, а ним ќе им се придружат и Данците, кои не успеаја да се справат со моќната Германија.

Португалците, благодарение на својот капитен Кристијано Роналдо, во извонредна партија ја совладаа Холандија со 2:1, со што си го трасираа патот меѓу осумтте најдобри. Кристијано Роналдо проработе во најдобриот момент на шампионатот, со два гола пресудувајќи им на Холанѓаните кои апсолутно ништо не покажаа на првенството, и со три порази како ретко кога во историјата на ЕП – заминуваат дома.

{youtube}27J80cAN25c{/youtube}

Иако пласманот во следната рунда веќе им беше обезбеден, Германците сепак настапија фуриозно во својот последен натпревар од груапата, против Данска. Резулатот го отвори Лукас Подолски, за потоа да дојде до израмнување преку Крон-Дели, на асистенција од Никлас Бентнер, додека конечниот резултат го постави Бендер, во 80. минута, за убедлив, стопроцентен ефект на Германија.

Прочитајте и:  Данска ќе воведе данок за сточарите поради стакленички гасови што ги испуштаат нивните крави, овци и свињи

{youtube}jmLWq8YOzXo{/youtube}

Објавено во соработка со Екипа.

- Реклама -