Германија по победата над Шпанија се пласира во ракометното четвртфинале на ОИ


Селекцијата на Германија славеше во дерби пресметката со Шпанија со 33-31 и се пласира во четвртфиналето на Олимписките Игри.

Најефикасен кај Германците беше Ушчинс со осум голови, додека во редовите на Шпанија најдобар поединец беше Гомез, кој запиша десет погодоци.

Во оваа група вечерва играат Словенија и Јапонија, а последното коло в недела ќе донесе голема драма и ќе го даде одговорот кои репрезентации ќе патуваат во четвртфиналето.

Нашите Ѓорѓи Начевски и Славе Николов одлично  ја делеа правдата на овој дуел во Париз.

- Реклама -