Германија ќе обезбеди средства за воени тренинг центри во Украина.

Германската влада ќе инвестира повеќе од 10 милиони евра во иницијативата на Европската Унија за создавање воени центри за обука во Украина. Ова го изјави министерот за одбрана Борис Писториус за време на неговата посета на Киев. Според Писториус, финансиските средства ќе бидат наменети за покривање на инфраструктурата неопходна за функционирањето на еден од овие центри за обука.

Прочитајте и:  Венс: Меморандумот за разбрани меѓу САД и Иран е општ документ, деталите уште ќе се усогласуваат