Германија ќе ѝ испорача 178 тенкови „Леопард 1“ на Украина, но не годинава

Германскиот совет за безбедност одобри испорака на 178 тенкови „Леопард 1“ на Украина од индустриските резерви, што е значително повеќе од претходно најавеното, јави денеска „Шпигел“, повикувајќи се на неименуван извор.

Британските медиуми најавуваат дека најголем дел од тенковите ќе бидат испорачани следната година, додека неколку ќе пристигнат во Украина во текот на летото.

Германија веќе донесе одлука да испорача во Украина 14 тенкови „Леопард 2“ од своите воени резерви, а одлуката беше донесена по неколкумесечниот меѓународен притисок.

МИА

Прочитајте и:  Борел: Не треба да се дозволи договор меѓу Вашингтон и Москва кој не ги зема предвид ставовите на Киев и ЕУ
- Реклама -