Берлин, 18 септември 2021 (МИА) – Фудбалската федерација на Германија (ДФБ) синоќа остро ги критикуваше плановите светските првенства да се одржуваат на секои две години и предупреди дека тоа ќе го загрози здравјето на фудбалерите, а женскиот и младинскиот фудбал ќе бидат маргинализирани.
Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) сака да ги организира фудбалските мундијали на две, наместо како досега на секои четири години, а во четвртокот објави дека за таквата идеја има поддршка и од навивачите, објавувајќи резултати од анкета спроведена во 23 држави.
Извршниот комитет на ДФБ соопшти дека ФИФА го заобиколила сопственото правило, изнесувајќи го предлогот пред група поранешни фудбалери. ДФБ ја опредупреди ФИФА дека „такви драстични промени во светскиот фудбал не можат да се случат без дозвола од европските федерации и европскиот фудбал“.