Германија издвојува уште 400 милиони евра за воена помош за Украина

Германија подготви нов пакет воена помош за Украина во вредност од 400 милиони евра, но сè уште не одлучила за испорака на ракетите со долг дострел Таурус на кои инсистира Киев, изјави денеска германскиот министер за одбрана Борис Писториус.

Тој за весникот „Билд“ рече дека новиот пакет помош вклучува различни видови муниција бидејќи тоа „ѝ е најпотребно на Украина“.

„Владата сè уште не одлучила дали ќе испрати крстосувачки ракети Таурус“, додаде Писториус.

МИА

Прочитајте и:  Калас: ЕУ мора да ја поддржи Украина колку што е потребно
- Реклама -