Германија бара формирање специјален суд што ќе ги гони руските лидери за злосторствата во Украина

Шефицата на германската дипломатија Аналена Баербок денеска побара да се формира специјален меѓународен суд кој ќе ги гони руските лидери за инвазијата врз Украина.

„Потребен е суд кој ќе го испита руското раководство и ќе го суди. Украинската Влада разбирливо е загрижена што Русија не може да се гони за агресија пред Меѓународниот кривичен суд, бидејќи судот може да се занимава само со случаи во кои обвинителот и обвинетиот се членови на судот“, истакна Баербок во говорот на Академијата за меѓународно право во Хаг, каде што е седиштето на Меѓународниот кривичен суд (ИЦЦ).

Русија не е членка на ИЦЦ и како една од петте постојани членки на Советот за безбедност има можност за вето и најверојатно ќе го блокира секој обид за обраќање до решавање на ИЦЦ.

Прочитајте и:  Мицкоски: Очекуваме час поскоро да се стави крај на оваа руска агресија и да можеме нормално да функционираме и да се развиваме

„Разговаравме за соработка со Украина и нашите партнери за идејата за формирање специјален суд за злосторства на агресија против Украина“, посочи Баербок.

Таа додаде дека таквото тело може да ја заснова својата јурисдикција на украинскиот кривичен закон.

„Кон него може да се додадат меѓународни елементи на локација надвор од Украина, со финансиска поддршка од партнери и со меѓународни обвинители и судии, за да се гарантираат непристрасноста и законитоста“, наведе Баербок.

Украина и Европска Унија претходно јавно ја поддржаа идејата за специјален суд.

МИА

- Реклама -