Герасимовски: Одиме на сигурна победа во Центар во прв круг

Kандидатот на СДСМ за градоначалник на општина Центар – Горан Герасимовски, синоќа на Фејсбук се заблагодари на партијата, семејството и пријателите за поддршката.

Герасимовски вели дека пријателите и семејството се столбот во неговата кариера и без нивната поддршка немало да ја добие оваа шанса.

Во своето прво обраќање по кандидатурата, Герасимовски порача дека победа уште во првиот круг.

„На 17 октомври во Центар ќе оствариме уште една голема победа во првиот круг. Но победата е само првиот чекор од патот кон целта. Потоа нѐ очекуваат четири години во кои ќе треба да ја оправдаме довербата и ова ќе биде главниот предизвик. Барам поддршка од сите вас за да докажеме дека можеме и умееме многу подобро!“, напиша кандидатот на СДСМ.

Тој истакна дека одлично ги познава потребите на граѓаните во секое маало и во секоја населба и знае како да ги подобри состојбите.

„Одговорноста е многу голема, за што сум целосно подготвен и ветувам максимална посветеност во работењето. Одлично ги познавам потребите на граѓаните во секоја населба и во секое маало. Во изминатите четири години како претседател на ОО СДСМ Центар се запознав со илјадници луѓе и слушнав исто толку животни приказни. На стотици средби со граѓаните добив низа конструктивни предлози, мислења и идеи за тоа што треба да направиме за поквалитетен живот. Центарци секогаш точно знаеле што сакаат и што е најдобро за општината. Тие исто така знаат да го вреднуваат сработеното, а јас се обврзувам секој денар од буџетот да го насочиме кон унапредување на состојбите“, порача Герасимовски.

- Реклама -