Герасимов: Запрено е напредувањето на украинските сили во правец на Курск

Напредувањето на вооружените сили на Украина длабоко во руска територија во правец на Курск е запрено, изјави денеска началникот на Генералштабот на вооружените сили на Русија, армискиот генерал Валериј Герасимов.

– Акцијата на единиците кои ја покриваат државната граница заедно со граничната полиција и единиците за засилување, воздушните напади, ракетните сили и артилерискиот оган го запреа напредувањето на непријателот длабоко на територијата во правец на Курск, рече Герасимов на состанокот со кој претседаваше претседателот на Русија, Владимир Путин, пренесуваат руските медиуми.

Герасимов рече дека околу 1.000 украински војници учествувале во нападот на областа Курск и дека нивната цел била да заземат дел од областа Суџан. Според него, украинските сили имале околу 100 загинати и 215 ранети припадници, а уништени се 54 оклопни возила, меѓу кои седум тенкови.

Прочитајте и:  Залужни: Апсолутно, 2024-та e година кога Третата светска војна започна

Во моментов, единиците на групата Север, заедно со граничните власти на ФСБ на Русија, продолжуваат да ги неутрализираат украинските сили во областите непосредно до границата. Путин претходно изјави дека обидот за пробивање на украинските сили во областа Курск на руско-украинската граница е провокација од големи размери.

-Како што знаете, режимот во Киев изврши уште една провокација од големи размери, пукајќи неселективно од различни видови оружје, вклучително и проектили, врз цивилни згради, станбени згради и амбулантни возила, рече тој.

- Реклама -