Ноќ на вештерките, Интернет, многу маски, но ретко некоја генијална како оваа. Воодушевени од едноставноста, креативноста и одличната идеја, не можевме да одолееме и да не ја споделиме.
Фотографиите беа постирани на Reddit.com од млад љубовен пар, а објаснувањето е следното:
„По повод Halloween, девојка ми и јас решивме да се преправиме во „домашно-направени“ пластични војници – базука-девојка и телефонист. Нејзината базука е направена од едноставна водоводна цевка, а мојот телефон е направен од рециклирана Clarisonic кутија што ја најдов во отпадот. Еве сме на железничката станица пред да се упатиме кон градот”.
Е па наши драги читатели, еве ви идеја за следната прилика за маскирање. Тешко дека некој ќе ви се налути за копирање со вака кул „костум“.