Хонгконшките таблоиди „Епл дејли“ и „Некст“ добија тужба од глумицата Зиј Џанг, позната по улогата во филмот „Мемоарите на една гејша“, поради тоа што објавиле дека актерката нудела секс за пари и на тој начин се збогатила.
Таблоидите ги објавиле вестите кон крајот на мај, а во написот ја нарекле Џанг „проститутка што им се продавала на високи функционери и неименувани богаташи“. Исто така, напишале дека во текот на изминативе десет години, поради таквата „работа“, глумицата заработила 110 милиони долари.
Џанг во врховниот суд во Хонгконг поднела тужба во која бара оштета и извинување за трачевите, затоа што поради нив претрпела сериозна душевна болка.
Таблоидите што ги објавиле трачевите во меѓувреме ваквите вести ги отстраниле од своите портали, но засега се немаат огласено за тужбата.
{youtube}i_TXEEgNiWE{/youtube}