Газа е тест за новиот светски поредок, вели ирачкиот премиер

Ирачкиот премиер Мохамед Шија ал Судани, во денешното обраќање од мировниот Самит во Каиро, оцени дека палестинскиот народ „се соочува со геноцид“ и дека болниците се цел на напади.

„Тоа е целосно воено злосторство кое започна со убивање на невооружени луѓе и со наметнување опсада на остатокот од живите“, вели тој.

„Газа денес е тест, нов тест за новиот светски поредок кој секогаш одново доживува неуспех“, рече тој.

„Дали сè уште не е време да се стави крај на оваа окупација? Нема место за Палестинците освен нивната земја“, додаде ирачкиот премиер, повикувајќи на итен прекин на огнот.

Ирак повикува, вели тој, на „целосно укинување на опсадата на Појасот Газа“ и формирање на фонд за обнова на Газа.

МИА

- Реклама -