Гарнет останува во Бостон, Одом се враќа во Клиперс

Кевин Гарнет ќе остане во Бостон селтикс до крајот на кариерата откако ги договори условите за продолжување на соработката со овој клуб, а Ламар Одом е дел од голема размена што ќе го одведе во Лос Анџелес Клиперс.

Супер ѕвездата на Бостон се најде на листата со желби на неколку НБА тимови, но на крајот сепак ги израдува навивачите на Бостон со прикажаната лојалност кон клубот во којшто ја освои единствената НБА титула во кариератa. Тој без премногу размислување ја прифати понудата за тригодишен договор вреден 34 милиони долари, со што и дефинитивно ги отфрли шпекулациите дека би можело да се случи да си замине од Бостон.

Ламар Одом ќе ја продолжи својата НБА кариера во тимот на Лос Анџелес Клиперс, откако овој амбициозен клуб се договори за откупување на неговиот договор со Далас Маверикс. Тој беше избран за најдобар шести кошаркар во сезоната 2010/2011, по што си замина од ЛА Лејекрс и потпиша договор со тимот на Далас. Сепак, Одом воопшто не се снајде во таборот на „Телињата“, каде по проблемите со стручниот штаб и со управата воопшто не беше дел од тимот во вториот дел од сезоната.

Водечките луѓе на Далас веќе извесно време се ослободуваа да се ослободат од Одом, па затоа без размислување ја прифатија понудата на клиперси, а во целата размена се вклучени и Јута Џез и Хјустон Рокетс.

Клиперс го испраќаат во Јута својот резервист Мо Вилијамс, а Хјустон ги доби правата врз Фуркан Алдемир и избор на пик од вториот круг на следниот драфт. Јута му ги отстапи на Далас правата врз српскиот интернационалец Тадија Драгичевиќ, додека Далас дозволи заминување на Шон Фостер, кој сега се наоѓа во косопственост на Јута и Хјустон.

Трансферот на Ламар Одом во Лос Анџелес Клиперс всушност значи враќање на овој кошаркар во клубот каде што ја започна својата кариера, ако се знае дека токму Клиперси го избраа Одом во првиот круг од драфтот во 1999 година.

- Реклама -