Galaxy S5 ќе има вграден „Бебефон”

Samsung Galaxy S5 не е само смартфон со Android 4.4. Неговите создавачи успеале да му вградат уникатни функции, кои не можат да се сретнат кај другите уреди со овој оперативен систем. Новиот модел на Samsung може да се пофали со различни технологии меѓу кои, сензор за следење на пулсот, сензор за отпечатоци, дополнителна заштита на екранот и што ли уште не.

 Помеѓу сите тие интересни функции, овој модел може да се пофали и со вградена функција за распознавање на бебешко плачење или со други зборови „Бебефон“.
Оваа функција го носи името ”Baby crying detector” и може да се вклучи заедно со другите функции од менито за поставките на звукот.
Како што можете да видите од фотографијата, под името на оваа функција, стои следното објаснување: „Предупреди со вибрирање при препознавање на бебешко плачење“.
Засега нема детални информации затоа како оваа функција всушност ќе работи, но ние претпоставуваме дека сигурно телефонот ќе треба да биде поврзан со друг уред, како на пример паметен часовник.
Компанијата смета дека оваа функција ќе им помогне на родителните, но нема да ја замени потребата од активно надгледување на детето.
Текстот е објавен во соработка со Socialnet.mk
- Реклама -