Galaxy S4 vs iPhone 5 vs HTC One: споредба на батеријата

Galaxy S4, последниот предводник на јужно-корејскиот технолошки гигант e скоро ист како својот претходник Galaxy S3 во однос на повеќето работи. На пример, очигледна промена е тоа што S4 е потенок и има помоќна батерија од 2600 mAh.

Со сигурност може да се каже дека Galaxy S4 има поимпресивни спецификации вклучувајќи full HD 1080р дисплеј, 8 јадрен процесор и многу други, но на крај на денот на корисниците им е потребна издржлива батерија која е доста важна за извршувањето на сите операции.

Имајќи ја на ум важноста на батеријата, GSMArena направи детално тестирање на батеријата на Galaxy S4 со останатите конкуренти и дојде до импресивни исходи.

samsung-galaxy-s-4-vs-iphone-5-specs-630x472

Спореден со конкурентите, Galaxy S4 имаше најдобри резултати и успеа да биде меѓу трите најдобри смартфони вклучувајќи разговор, сурфање како и видео плејбек. Треба да се има во предвид дека Galaxy S4 доаѓа со два различни процесори (Snapdragon 600 и Exynos 5 Octa) за различни региони, и во ова тестирање беше вклучен само процесорот наменет за американскиот пазар.

Galaxy S4 vs iPhone 5 vs HTC One: Тестирање на батеријата

Смартфонот Galaxy S4 беше спореден со повеќе од 20 потенцијални телефони но само неколку успеаа да дадат одлични крајни резултати според спецификациите. Во првата тројка најсериозни конкуренти на Galaxy S4 се HTC One и iPhone 5.

Во категоријата на разговор, најиздржливи се:

Samsung Galaxy S4 – 13:53 min

HTC One – 13:38 min

iPhone – 8:42 min

Во тестирањето при пребарување на интернет, резултатите се сосема спротивни:

HTC One – 9:58 min

iPhone 5 – 9:56 min

Galaxy S4 – 8:42 min

Во однос на пуштање видеа, резултатите се:

Galaxy S4 – 10:16 min

iPhone 5 – 10:12 min

HTC One – 10:02 min

Во однос на вкупните резултати за издржливоста на батеријата покажуваат дека Galaxy S4 е еден од најдобрите уреди на пазарот заедно со iPhone 5 и HTC One.

Galaxy-S4-vs-HTC-One-vs-iPhone-5

Текстот е објавен во соработка со telefoni.com.mk

- Реклама -