Како што може да се забележи на фотографијата, Samsung можеби и ќе се одлучат за метална варијанта на овој модел.
Бидејќи е најавено излегувањето на Galaxy S IV во април, тешко дека би дошол со нова верзија на оперативниот систем Key Lime Pie, кој е во фаза на развивање, што прави многу верујатно дека ќе работи на Android 4.2 Jelly Bean. Ќе видиме 5-инчен 1080p Super AMOLED Plus екран, 2 GHz A15 Exynos 5450 четворо-јадрен процесор и 2 Gb рам меморија, со подобрување во TouchWiz. Камерата би била 13 мегапикселна задна камера и 2 мегапиксели на предната камера. Ова се само неофицијални рендери и гласини кои кружат на веб, останува да видиме дали навистина Samsung ќе се ориентира кон метал, и дали навистина Galaxy S IV ќе доаѓа со овие спецификации.