Воопшто не е тајна дека Samsung работи на следната генерација фаблет Galaxy Note, но сепак малку знаевме дека компанијата планира да го претстави уредот со три различни големини на екранот.
Според најновата инфромација, Note III доаѓа со верзии од 5.5 инчи, 5.7 инчи и 6 инчи, и дека сите овие се веќе испорачани во Индија за дополнително ‘истражување и развој’. Доколку ова е навистина точно, тогаш тоа ќе се совпадне со стратегијата за повеќе големини за Galaxy Mega. Исто така, досега се наведуваат неколку различни варијанти на фаблетот и тоа: SM-N900A, SM-N900AI, SM-N900R4, SM-N900S, SM-N900T и SM-N900V.
Како и да е, до претставувањето на фаблетот има уште месец дена, па се надеваме дека до тогаш ќе биде разоткриена мистеријата во врска со екраните, или пак ќе почекаме до 4 септемеври за официјално да биде потврдено сѐ.
Текстот е објавен во соработка со telefoni.com.mk