Г20 ја осуди „употребата на сила“ за територијално освојување, но без да ја спомне Русија

Лидерите на земјите-членки на Г20 денеска ја осудија „употребата на сила“ во Украина со цел територијално освојување, но експлицитно не ја споменаа Русија, се наведува во завршната декларацијата од Самитот во Индија.

„Кога има војна во Украина, во согласност со Повелбата на ОН, сите земји мора да се воздржат од прибегнување кон закани или употреба на сила за да се обидат да освојат одредени територии, на штета на територијалниот интегритет и политичкиот суверенитет на која било земја“, се наведува во декларацијата.

Но, во текстот не се споменува експлицитно руска „агресија“ во Украина, термин што беше користен во 2022 година за време на претходниот Самит на Г20 на Бали. Во декларацијата од Самитот на Бали беше наведено дека „најостро се осудува агресијата извршена врз Украина од страна на Руската Федерација“.

Прочитајте и:  Наришкин по измените во нуклеарната доктрина: Улогата на НАТО во украинските ракетни напади на Русија нема да помине неказнето

МИА

- Реклама -