Ѓоко Хаџиевски се враќа во Вардар, по 11 години искусниот стратег повторно е меѓу Црвено-црните но овој пат во улога на спортски директор.
Според пишувањата на Македонски Спорт, Сергеј Самсоненко и Ѓоко Хаџиевски постигнале договор за соработка.
Хаџиевски ќе ја има улогата на спортски директор и ќе треба да го пренесе своето интернационално искуство за да му помогне на Вардар во изградбата на сериозен европски фудбалски тим.
Со овој потег продолжува реконструкцијата на Вардар откако Сергеј Самсоненко го презема клубот.
Претходно Вардар го потврди Сергеј Андреев за нов тренер, а презентираше и четири нови засилувања, Илчо Наомоски, Филип Ивановски, Анеј Ловренчич и Александар Трниниќ.
Текстот е објавен во соработка со 24fudbal.com.mk