Свечени фустани за девојки со облини

Идеалниот фустан за жените со облини ги истакнува нивните адути, а ги покрива недостатоците. Вистинскиот избор се фустани со преклоп, в-изрез и набори.

Миди е вистинскиот избор

Фустан со А-крој и со набори во долниот дел може да се носи во различни пригоди, важен е само добар избор на модни детали.

1midi.fustan

Наборите го сокриваат стомачето

Долгиот крој ќе направи да изгледате потенко, а набраните делови ќе ја покријат силуетата која не е совршена.

2.so nabori

Имате облики? Истакнете ги!

Должина до коленици, ракавите до лакт и в-изрез се добитна комбинација за жените со облини. Чевлите со платформа визуелно издложуваат, а потпетицата е пониска отколку што изгледа.

3.oblini

Тегет наместо црно

Темните фустани се одличен избор за крупни жени. За посвечени пригоди наместо црна изберете тегет или темнозелена боја.

4.teget

Тантелата е ин

Тантелата делува префинето и малку провокативно. За елегантен изглед бирајте модел во светла, а за атрактивен модел во црна боја.

5.tantela IZ IN

Изберете ситни дезени

Веселите дезени се добар избор за свечени пригоди, а контрастните комбинации на бои ќе изгледаат одлично на вас, само ако шарите и принтовите не се многу големи.

5.dezeni

- Реклама -