Чекор поблиску до функционален транспортер

Многу луѓе би сакале шанса да застанат на транспортер од Star Trek и да бидат испратени на друга локација. Иако таа технологија е сè уште недостапна, група кинески научници велат дека се чекор поблиску до остварување на сонот.


Но пред да се возбудите и да помислите дека сме на прагот на патување низ воздух треба да разберете дека оваа телепортација не е толку софистицирана. Овде се работи за „квантна телепортација“, метод за транспортирање на фотон од едно место на друго со помош на ласери и оптика. Исто така важна разлика е што методот не го преместува фотонот туку присилува друг фотон да ги преслика информациите од оригиналот за да создаде дупликат.

Сепак оваа е импресивен трансфер на информации од едно до друго место. Кинеските научници во 2010 година поставиле рекорд за квантна телепортација кога успеале да транспортираат фотон 16 километри. Сега физичарите од Универзитетот за Наука и Технологија на Кина во Шангај велат дека успешно го надминале рекордот со транспорт од над 96 километри. Но нивното постигнување не е значајно само поради далечината.

Прочитајте и:  ФТ: Западот останува зависен од Кина поради ниските цени на литиумот и високите оперативни трошоци

Светлината се шири како што патува што значи дека со зголемувањето на поминатата далечина се зголемува и загубата на информациите. Овие истражувачи создале техника која ги контролира ласерите со што се зачувува интегритетот на фотоните. Па ако сè уште не можеме да испраќаме луѓе и предмети на овој начин тогаш каква практична апликација би постоела за технологијата?

Една можна опција за користење на техниката е „квантна криптографија“ бидејќи еден специфичен принцип во физиката вели дека информации испратени преку светлина не можат да бидат пресретнати без оној кој ги испратил да знае. Резултатот од овој напредок би можеле да бидат ултра-безбедни комуникации кои не би можеле да бидат тајно манипулирани. Сè уште не транспортираме луѓе и предмети но ова не носи еден чекор поблиску. [Chinese scientists say they’re close to building a real transporter]

- Реклама -