Фулам со пресврт во судиското продолжение до победата


Во последниот натпревар од 10. коло на англискиот фудбалски шампионат, Фулам со судиски пресврт го совлада Брентфорд со 2:1.

Гостите поведоа во 24. минута со голот на Виталиј Јанелта, а до судиското надополнување три бода во рацете имаше Брентфорд.

Сепак, во втората минута од судиското надополнување, Хари Вилсон израмни со необичен гол со петица на центаршутот на Адама Траоре. Пет минути подоцна Вилсон му донесе победа на лондонскиот тим постигнувајќи гол со глава по центаршутот на Антоне Робинсон.

Велшкиот репрезентативец влезе во игра во 82. минута и за само десет минути стана новиот херој на навивачите на Фулам.

Со оваа победа лондонскиот тим се пласираше на деветтото место со 15 бодови, додека Брентфорд е на 12. позиција со 13 бодови.

- Реклама -