Фудбалски натпревар прекинат поради снежни топки (видеа)

Фудбалски натпревар прекинат поради снежни топкиДербито во белгиската прва лига, помеѓу Андерлехт и Клуб Бриж, на двапати беше прекинуван, поради тоа што домашните навивачи ги гаѓаа играчите на Андерлехт со снежни топки, кога овие се обидуваа да изведат корнер. Откако страстите се смирија, судијата сепак го продолжи мечот и на крајот тој заврши со победа на гостите од 0:2.

{youtube}h7XrKK6yz_g{/youtube}
Од истата лига ни доаѓа и голот на Весли Сонк, против моменталниот лидер на табелата, Генк. Ножичките се секогаш тешки за изведување, а кога некој ќе успее да постигне ваков гол на терен прекриен со снег, тоа не заслужува ништо помалку од аплауз.

{youtube}FChp0sWy6P4{/youtube}

- Реклама -