Два дена пред свеченото отварање на Летните олимписки игри во Лондон стартуваат и првите натпревари.
Фудбалерките на Велика Британија и Нов Зеланд ќе ги одмерат силите денеска од 17 часот на „Милениум стадионот“ во Кардиф, а во текот на денот ќе се одиграат и средбите од првото коло во сите три групи на женскиот турнир, на кој учествуваат вкупно 12 репрезентации.
Машкиот турнир започнува утре кога треба да се одиграат сите натпревари од првото коло. Во машка конкуренција на ЛОИ ќе се играат четири групи со вкупно 16 селекции.
Финалињата на фудбалскиот турнир ќе се играат на „Вембли“ на 9. август кај жените и на 11. август во машка конкуренција.