Фудбал на мокра подлога (ВИДЕО)

Фудбал на вода имате играно? Е па играа Крупа и Широки Бријег минатиот викенд во Босна.

Судијата одлучил натпреварот да се игра и покрај лошите временски услови бидејќи станувало збор за „вештачка“ подлога која би требало да го впива вишокот вода. На терен, т.е. во пракса – ништо од тоа.

Резултатот беше комичен обид за фудбал со, на ничие изненадување, нерешен резултат без голови.

- Реклама -