Научниците од универзитетот Queen Marry, во Лондон, направија прототип на телефон кој ќе се напојува со звучни вибрации од надворешната средина. Во превод, батеријата ќе се полни додека шетаме по улица, седиме во кафуле, додека сме на работа и на секое друго место што не може да се смета за тивко.
Џо Бриско и Стив Ден, идејата ја добиле додека истражувале како музиката со брз ритам влијае на соларните ќелии. Тогаш, им дошла идеја да направат уред кој таа енергија ќе ја претвори во струја.
„Полнењето со помош на звук и вибрации ќе ја зголеми употребливоста на електронските уреди. Тоа ќе им овозможи да функционираат во текот на подолг временски период, без полнач. Овој метод исто така ќе помогне и во заштитата на животната средина“, објаснува Бриско.
Технологијата е сеуште во фаза на тестирање, па ќе почекаме додека да ја видиме имплементирана во нашите смарт телефони.