Сé е привремено: љубовта, уметноста, планетата Земја, вие, јас. Смртта е толку непредвидлива што успева да го изненади секого од нас. Како можеш да знаеш дали тој ден не ти е последен? Мислиш дека ти останува време. И потоа одеднаш – крај, исчезна, твоето време истече. Смртта е единствената средба, која не ти е запишана во организерот… Сé е привремено и сè е за продажба. Како и сè друго, човекот е производ со рок на траење. Ова е причината да се пензионирам на 33 години. Велат, ова е идеална возраст за да воскреснеш.
Фредерик Бегбеде – француски писател