Французите изедоа 15.000 тони чоколадо за Велигден

mm-easter-bg[1]

За време на католичките велигденски празници, Французите изедоа помеѓу 13 и 15 илјади тони јајца, зајчиња и звончиња од чоколадо. Тоа е петина од вкупната количина на чоколадо што се јаде во текот на една година, објавува „Планетоскоп“ – портал за статистика на светско ниво.

По изедената количина на чоколадо во Европа, Франција е на седмото место, зад Германија, Австрија и Велика Британија. Речиси 70 отсто од населението во Франција одвојува по повеќе од 300 евра месечно само на чоколадо. Во просек, пак, Французите дневно јадат по 5 грама чоколадо, а месечно трошат по 110 евра. Годишно јадат помеѓу 6 и 7 килограми чоколадо.

Прочитајте и:  „Фигаро“ ја повлече веста дека Франција и Велика Британија и дозволиле на Украина да нападне длабоко на територијата на Русија
- Реклама -