Францускиот маникир е класик кој што секогаш се носи. Ако вам класичниот маникир со бели врвови ви здодеал, секогаш можете да направите нешто интересно.
Ви носиме неколку совети, покрај кои што ќе го зачините класичниот француски маникир.
Додадете боја – Наместо класичната проѕирна, нежна розова или беж лак, одлучете се за интензивна боја како сива, црвена, виолетова, па дури и сина, а врвовите налакирајте ги со црн лак.
Тенки црни врвови – Доколку сакате нежни бои, користете класични лакови за француски маникир, а на врвот наместо бел, нанесете црн лак и тоа во облик на тенка линија.
Темна база – Направете движење така што основата ќе ја налакирате со темен лак, а врвовите со светла боја.
Металик врвови – За основа изберете лак кој најдобро се согласува со боја на металик, со кој што ќе ги налакирате врвовите на ноктите.
Светкави врвови – Безразлика дали ќе ги излакирате ноктите со светол или темен лак, на врвовите можете да ставите светкав лак. Ваквиот забавен маникир е добар избор за ситуации во кои што сакате вашите нокти да се истакнат.