Француската фудбалска лига го казни Атал поради антисемитизам

Француската фудбалска лига го суспендираше денеска Јусеф Атал на седум натпревари, откако дефанзивецот на Ница сподели антисемитска порака на социјалните мрежи.

Ница веќе го суспендираше својот фудбалер минатата недела на неодредено време.

Суспензијата доаѓа откако Јавното обвинителство во францускиот град Ница отвори прелиминарна истрага против Атал под обвинение за „поддршка на тероризмот“.

Обвинителството соопшти дека против Атал, исто така, се води истрага поради „јавно поттикнување омраза и насилство поради одредена религија“.

Атал, кој настапува за репрезентацијата на Алжир, се извини за објавената порака, наведувајќи дека ги осудува сите облици на насилство „без оглед на кој дел од светот“.

МИА

- Реклама -