Француската рагби федерација (FFR) го суспендираше својот репрезентативец Мелвин Жамине на 34 недели и го казни со 30.000 евра поради расистичкото видео што го објавил на социјалните мрежи.
Во текот на турнејата низ Аргентина претходно во јули, Жамине објавил видео во кое вели дека „ќе го удри со глава првиот Арап што ќе наиде“.
Дисциплинската комисија на FFR оцени дека спортистот „ги поткопа постулатите на рагбито“.
Откако неговата објава наиде на многу критики, Жаминет се извини, велејќи:
„Разбирам дека моите зборови можел да повредат и навредат многу луѓе, и затоа морам да нагласам дека моите коментари на никаков начин не ги одразуваат вредностите што и јас и францускиот рагби тим ги засапуваме. Расизмот во која и да е форма е неприфатлив и е противно на сето она во што јас верувам“.